Категории

Почитувани членови на Здружението и останатите заинтересирани корисници на нашиот Web site,

Го отворивме нашиот Web site и во иднина овде ќе можете да се информирате за се што Ве интересира во врска со ХМЛ и нашето Здружение.

Ќе можете да ги пратите сите Ваши предлози и забелешки кои ке бидат внимателно разгледани и на кои ќе Ви се даде одговор.

Ќе Ве инфофрмираме за сите нови збиднувања околу обезбедувањето на Гливекот и нашите напори истиот да се стави на Позитивна листа, а Ве молиме и Вас со нас да ги споделувате Вашите информации и се она што мислите дека ќе помогне во наште напори околу обезбедувањето на лекот.

Почесни членови на нашето Здружение се и реномираните стручњаци од оваа област Проф.Др. Александар Стојановиќ, Проф. Др. Оливер Каранфилски и Асис.Др.Марица Павковиќ. Доколку имате стручни прашања од областа на болеста, Ве молиме во секцијата предвидена за прашања на членовите на Здружението, слободно да се обратите и еден од еминентните наши стручњаци ќе Ви одговори.

Го отворивме нашиот Web site и во иднина овде ќе можете да се информирате за се што Ве интересира во врска со ХМЛ и нашето Здружение.

Ќе можете да ги пратите сите Ваши предлози и забелешки кои ке бидат внимателно разгледани и на кои ќе Ви се даде одговор.

Ќе Ве информираме за сите нови збиднувања околу обезбедувањето на Гливекот и нашите напори истиот да се стави на Позитивна листа, а Ве молиме и Вас со нас да ги споделувате Вашите информации и се она што мислите дека ќе помогне во наште напори околу обезбедувањето на лекот.

Со почит,

Претседател на здружение
Пепо Леви

Скопје 14/04/2011


Почитувани членови на Здружението сакаме да Ве известиме дека овде може да се информирате за две многу важни работи во врска со нашата болест – HML:

1. Treatment Recommendations for People Living with CML
(Препораки за лечење на луѓето кои живеат со ХМЛ)
23/01/2012

2. ASH 2011: Key news on CML from a patients’ perspective
(Клучни вести за ХМЛ од перспектива на пациентите, од годишна средба на ASH – Американско друштво за хематологија, одржана во Декември 2011 во Сан Диего)
23/01/2012

3. News on CML from the 2012 ASH Conference – our Patients’ Perspective
(ASH Atlanta 2012. Етаблирани и нови терапии)
28/12/2012


Пронајдени се нови лекови – III-та генерација на ТКИ во лечење на ХМЛ

Сакам со Вас да ја споделам информацијата и мојата голема радост за пронаоѓање на уште два нови лека за лечење на ХМЛ.
Имено Америчката Администрација за храна и лекови на 4 Септември 2012 год. дозволи Босулиф ( bosutinib) за третман на пациенти со хронична, акцелераторна/забрзана или бластна/експлозивна фаза на ХМЛ заболени кои се со Филаделфија хромозом позитивни и претходно покажале резистентност, или не можат да толерираат друга терапија….

Пепо Леви
Скопје, 12 Ноември 2012 год.

Повеќе


Актуелната состојба на заболените од ХМЛ во Македонија заклучно со 24 фебруари 2014

Од моментот на формирање на нашето Здружение, 22 Март 2007 год. до денес изминаа точно 7 год. Од тогаш до денес поминавме долг пат во етаблирање на нашето Здружение , а се со цел да се избориме за адекватен и достоинствен третман на заболените од Хронична Миелоична Леукемија.
Нашата основна цел беше и остана, обезбедувањето на современи лекови и соодветен третман на заболените од ХМЛ……

Пепо Леви

Скопје, 24 Февруари 2014.

Повеќе

 


Информација за регистрирани нови лекови Imatinib во Р.Македонија од страна на Бирото за лекови на Р.Македонија

Почитувани членови на Здружението,
сакам да Ве информирам дека од Директорот на Бирото за лекови на Г-динот Илчо Захариев на 6 Март 2013 год. сум информиран дека во Р.Македонија се регистрирани уште три Imatinib лека како следи:
– Imatinib од фармацевтската компанија Alvogen – Imacrebin
– Plivatinib, производ на компанијата Teva и
– Anzovip, производ на фирмата Actavis, која го произведува лекот во купената ф-ка на Zdravlje Leskovac во Лесковац
Почитувани членови навистина сум исплашен од наезда на нови поевтини и до сега неетаблирани лекови, поради што до надлежните упатив e-mail, кој во целост можете да го прочитате.

Со почит,
Пепо Леви
Претседател на Здружение на Заболени од ХМЛ во Р. Македонија
Скопје, 18 Март 2013.

Повеќе


Покана за учество на состанок и Конференција за печат по повод одбележувањето на 22 Септември -Meѓународниот ден на ХМЛ

На 23 Септември 2013 – Понеделник ќе го одбележиме Меѓународниот ден на ХМЛ во Хотел “Best Western”-Скопје во 10:30h

По тој повод ги каниме сите членови,новинари, доктори од Клиниката за Хематологија, претставници на Министерството за здравство, Фондот за здравство, Бирото за лекови и сродни Здруженија

Со почит,
Пепо Леви
Претседател на Здружението
Скопје, 21 Септември 2013 год.

Повеќе

 

По повод одбележувањето на меѓународниот ден на ХМЛ, 22/09 обраќање на председателот на здружението Пепо Леви на новинарите

Почитуван новинари,

Денеска,  90 Меѓународни организации за грижа за заболените од Хронична Миелоична Леукемија –ХМЛ,  од 68 земји во светот,  го одбележуваат Меѓународниот ден на заболените од ХМЛ – 22/9.

И нашето Здружение како член на големата меѓународна асоцијација за грижа на заболените од ХМЛ – CML Advocates Network го одбележува овој ден .

Со почит,
Пепо Леви
Претседател на Здружението
Скопје, 22 Септември 2014 год.

Повеќе

 

Покана по повод одбележување на Меѓународен ден на заболените од ХМЛ на 22 Септември 2015 во 10:30h пред меморијалниот центар Мајка Тереза

Почитувани членови на Здружението и наши подржувачи,
На 22 Септември 2015. на штандот пред Мајка Тереза во 10:30 h ќе го одбележиме меѓународниот ден на заболените од Хронична Миелоична Леукемија.
По тој повод покрај другите активности: делење маички, флаери и разговор со граѓаните планираме и конференција за печат, со што и во нашите медиуми би се одбележал овој настан.
Покрај наште членови поканети се и претставници на други слични Здруженија, како и претставниците на Министерството и Фондот за здравство.

Со почит,
Претседател на ХМЛ Здружението во Р.Македонија
Пепо Леви
Скопје, 15 Септември 2015 год.

 Повеќе

 
 

Меѓународен ден на заболените од Хронична Миелоична Леукемија

По повод Меѓународниот ден на ХМЛ 22/9 Претседателот на Здружението на заболените од
ХМЛ се обрати до новинарите:

Со почит,
Пепо Леви
Претседател на Здружението
Скопје,
22 Септември 2015.

Повеќе

 

 

Меѓународен ден на Ретки болести 29 Февруари 2016

Почитувани членови на Здружението,
Почитувани пријатели,
Меѓународен ден на ретки болести се одбележува секоја година во последниот ден на Февруари. Според критериумите на ЕУ ретка болест е онаа од која се заболени помалку од 5 луге на 10.000 жители.
Ако Македонија има 80 заболени од ХМЛ на цца 2.000.000 жители, неоспорно е дека и ХМЛ во Р.Македонија подпаѓа под дефиницијата за ретките болести…

Со почит,
Пепо Леви
Претседател на Здружението
Скопје,
4 Март 2016.

Повеќе

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *