Информација од одржаниот состанок на Здружението на 6 Септември 2011

Почитувани членови на Здружението на 6 Септември 2011 одржавме состанок во просториите на Клиниката за Хематологија. На состанокот присаствуваше Дир.на Клиниката Проф.Чевреска која ни ја отстапи нивната сала за состаноци, Проф.Каранфилски и Проф.Стојановиќ, како и 40-тина наши членови.

Почитувани членови 6 Септември беше ден кога сите заболени од ХМЛ во Р.Македонија, на основа Одлуката на Фондот за здравство од 27 Април 2011 год. требаше да добијат Гливек. Затоа го свикавме и одржавме нашиот состанок токму на Клиниката.

Воведни зборови дадовме Проф.Чевреска, и јас, а Проф. Стојановиќ и Проф.Каранфилски ни дадоа поблиски информации за болеста и терапијата.

Заинтересираните членови поставиа одредени прашања на кои им беа дадени одговори, а потоа малку разговаравме, се дружевме и заинтересираните присатни по обавената контрола го добија Гливекот.

Во оваа прилока сакам да напомнам дека некој од нашите членови не го добија Гливекот поради одредени дополнителни испитувања.

Сакам да ги замолам сите членови на нашето Здружение кои не го добија Гливекот од било која причина, да ми се јават, да направиме Список – кој не добил Гливек и зошто, како би можеле благовремено да интервенираме и евентуално ја исправиме таа неправилност.

Клиниката формирала Етичка Комисија, која одлучува за критеријумите и на кого треба да му се даде Гливек. Незнам колку е тоа исправно, бидејќи државата донела Одлука сите заболени од ХМЛ, да имаат право да се лечат со Гливек. Како и да е, ако има било каков проблем ги молам нашите членови да ми се обратат и заеднички со надлежните од Клиниката и од Фондот да го решиме проблемот.

 

Со почит,

Пепо Леви

 

Скопје,

20 Септември 2011.