Хроничната Mиелоидна Леукемија (ХМЛ) е малигно хематолошко заболување кое, благодарение на значајниот напредок во дијагностиката и современите терапевтски можности, денес може успешно да се контролира кај голем број пациенти. Развојот на таргетираната терапија значително го промени природниот тек на болеста и овозможи продолжено преживување и подобар квалитет на живот за лицата со ХМЛ. Сепак, успешното лекување на ХМЛ не се заснова само на изборот на соодветна терапија. Од особено значење се навремената и прецизна дијагноза, редовното следење на одговорот на лекувањето, препознавањето и менаџирањето на несаканите ефекти, како и обезбедувањето добра соработка меѓу пациентот и здравствениот тим.
Оваа брошура е последно издание од 2026 год и е подготвена од ЕЛН -Europian leukemija net ( европска мрежа за леукемија), а Клиниката за Хематологија при Клиничкиот центар “Мајка Тереза” преку своите доктори, Проф. Марица Павкович и Др.Марија Попова изврши усогласување на преводот со медицинска терминологија а се со цел да се обезбедат практични препораки за современ пристап во водењето на лицата заболени од хронична миелоидна леукемија. Таа ги опфаќа клучните аспекти на дијагностиката, проценката на ризикот, изборот и следењето на терапијата, мониторирањето на молекуларниот одговор, како и постапувањето во ситуации кога одговорот на терапијата е несоодветен или се јавуваат несакани ефекти. Посебно внимание е посветено на индивидуализираниот пристап кон секој пациент, имајќи ги предвид карактеристиките на болеста, одговорот на терапијата, придружните заболувања, потенцијалните интеракции со други лекови, како и животните околности и преференциите на пациентот.
Веруваме дека оваа брошура ќе претставува корисна- практична алатка за здравствените професионалци во секојдневната клиничка работа и ќе придонесе кон унапредување на квалитетот и континуитетот на грижата за лицата со ХМЛ. Најважната цел на современиот третман на хроничната миелоидна леукемија е не само контролирање на болеста, туку и овозможување на пациентите да живеат долг и квалитетен живот. Постигнувањето на оваа цел бара континуирано следење, примена на современи научни сознанија и партнерски однос меѓу пациентот и здравството.
Пепо Леви
Скопје, 28 септември 2026
Почитувани членови на Здружението ХМЛ Македонија, Сакам да Ве известам дека во текот на Јуни 2021, отпечативме брошура "Препораки за лекување на луѓе кои живеат со ХМЛ". Брошурата е однесена на Клиниката за Хематологија во Скопје, и кога ке одите на контрола и по лекови можете да ја побарате од нашите доктори Проф.Стојановиќ, Проф.Каранфилски, или Др.Марица Павковиќ, како и во дневната амбуланта. Доколку се потрошени брошурите, слободно јавите ми се и јас ќе Ви ја дадам истата.
Прочитајте повеќе ...
Почитувани членови на нашето Здружение, почитувани пријатели, сакам да Ве известам дека нашата Web страна пред неколку месеци беше избришана – едноставно ја снема. Иако егзистираше преку 10 години, едноставно ја снема и нимаме никакаков beck up. Да, ќе направиме нова страна и на основа расположивите материјали ќе се обидеме преку хронололоошките настани да ги одбележиме нашите активности.
Прочитајте повеќе ...